Како најава за претстојното викенд дерби во Италијанската Серија А помеѓу екипите на Лацио и Јувентус кое се игра во Рим, в сабота со почеток од 18:00 часот, тренерот на Јуве, Масимилијано Алегри истакна дека овој дуел ни оддалеку нема да биде она што бил некогаш.
„Во последните десетина години, Јувентус и Лацио беа екипите кои одлучуваа за трофејите во Серија А. Сега тоа не е така, и ние се бориме едвај за четвртото место. Ова е сепак, многу важен меч за нас и ќе биде многу тежок во исто време.