Барди стартер, Леванте освои само бод против Атлетик Билбао

179

По репрезентативните обврски, македонскиот интернационалец Енис Барди се врати во Леванте и веднаш беше стартер на дуелот со Атлетик Билбао на првиот меч од 14. коло во шпанската Ла Лига. Натпреварот заврши без голови што е седмо реми за Леванте оваа сезона. Екипата на Барди е единствената без победа по 14 натпревари во најсилната шпанска лига и е сместена на претпоследното место.

Барди играше до 73. минута кога беше заменет.

ПретходноЕкс-напаѓач на Јунајтед и на Виљареал ќе игра во Серија Б
СледноФенер изгуби и од „фенерџијата“, Барса сигурна во Лион