Билд објави скандал: Тренерот на Вердер лажирал Ковид сертификат

389

Денешното издание на Билд објави мега скандал во кој се тврди дека тренерот на Бундеслигашот, Вердер Бремен, Маркус Анфанг е под истрага за наводно фалсификување на Ковид сертификат за вакцинација.

Во текстот се вели дека истрага дефинитивно има и дека Анфанг на своите соработници во клубот тоа им го признал. Рекол дека не знае зошто е цела оваа афера воопшто тема, затоа што тој дефинитивно е вакциниран со две дози, и за тоа има доказ. И дигитален и писмен каков што издаваат во надлежната институција.

Самиот клуб Верде е обавестен за истрагата, а Анфганг во разговорот со своите претпоставени во клубот ја отфрлил секоја можност да биде виновен по било какви обвинувања.

foto: kicker.de

 

ПретходноГо избркаа од Мешков, ќе биде соиграч на Пешевски
СледноЖоакин прекинува со фудбал и станува порно глумец