Вашингтон во налет, девет минути и осум поени за Јакимовски

225

Андреј Јакимовски и Вашингтон продолжуваат во победнички ритам. Македонскиот репрезентативец и неговиот тим го совладаа Ајдахо со убедливи 61-109 и дојдоа до четвртата победа во низа оваа сезона во НЦАА-лигата. Со новите бодови, Вашингтон Стејт се наоѓа на третото место на табелата во Пацифик-12.

Јакимовски не мина долго време на теренот, но максимално ја искористи секоја минута. Тој постигна осум поени (2/2 за три, 1/2 за еден поен), за девет минути во игра додаде уште една асистенција и една украдена топка.

Претходно„Кралевите“ пресилни за Ц. Звезда, Баерн го победи Панатинаикос!
СледноКари го затрупа кошот на Кливленд, Јокиќ го смируваше тренерот (ВИДЕО)