Гостивар го предизвикува првакот, Феникс по ново изненадување – зошто да не!

133

Поради стартот на подготовките на македонската кошаркарска репрезентација, дуелите од осмото коло во Првата лига ќе се одиграат денеска и утре.

Кожув кој влезе во ритам и има три победи во низа, на домашен терен го пречекува вториот тим на МЗТ Скопје, дуелот е закажан со почеток во 17:30 часот. Ова ќе биде интересна пресметка од вториот дел од табелата. „Штркчињата“ имаа серија од пет порази во низа, се покажаа како незгоден противник, па нема да биде чудо ако избраниците на Перо Блажевски излезат како победници.

Дерби во Скопје, МЗТ Скопје го пречекува Гостивар. Актуелниот македонски прва има бод повеќе од противникот, зад себе има одлична низа и во домашниот шампионат и во АБА 2-лига. На другата страна по лекцијата од Феникс, веднаш се врати на победите, го совлада ТФТ. Од овој меч ќе има директен пренос на МТВ.

Феникс 2010 и ТФТ ќе ја затворат денешната програма, ова е уште една интересна пресметка во која новакот во друштвото на најдобрите бара простор да направи уште едно изненадување во првенството. Досега беа три, но тука момците на тренерот Денис Дервишевиќ сигурно нема да застанат.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

ДВОЈКИ 8. КОЛО

ДЕНЕСКА:

17.30: Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка

Сала  „26 април“ – Гевгелија

18.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (МРТ)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

20.30: Феникс 2010 – ТФТ

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

18.00: Еуро Никел 2005 – Куманово 2009

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

19.00: Навико Академија ФМП – Ангели

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

20.00: Пелистер – Работнички

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

 

ПретходноЕСПН: Замислете го Роналдо во Скопје, против Македонија се бори за Светско првенство!
СледноГо избркаа од Мешков, ќе биде соиграч на Пешевски