Најпознатата спортска мрежа во светот, ЕСПН, ги анализираше возбудливите квалификации за СП и најавува „најдраматичен“ бараж. Некои репрезентации и голми играчи нема да го видат Мундијалот во Катар, а дел допрва треба да одлучат дали ќе ги претставуваат своите земји.
Во центарот на вниманието е Кристијано Роналдо, кој не обезбеди директен пласман на СП, откако Португалија на домашен терен беше совладана од Србија во последното коло.
Ждрепката за баражите е закажана за 26. овој месец, а „ЕСПН“ во својата анализа ја спомена и Македонија. Веќе е добро познато дека на социјалните мрежи се појавија бројни фотографии од Роналдо кој се моли да не му се падне Македонија.
Секако новинарите на оваа агенција тоа го сторија на многу професионален начин.
„Самиот формат од самиот почеток ќе донесе невидена драма и напнатост. За навивачите на земјите кои ќе играат нервози, за неутралните спектакл. Имаме три фајнл-фор турнири со по еден меч во полуфинале и финале. Се е отворено, замислете кога Роналдо би дошол на пример во Скопје да се бори за СП против Македонија“, се вели во анализата.
Полуфиналето ќе се игра на 24/25 март, додека финалето 28/29 март следната година.