Металург лесно и убедливо со дебитантот

74

Металург ја запиша четвртата победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада дебитантот Скопје со убедливи 33-24 во првиот меч од 11 коло.

Тимот од Автокоманда доминираше на оваа пресметка, во ниту еден момент триумфот не беше ставен под знак прашалник. Домашните ракометари поведоа со 10-4 на средината на првото полувреме, на одморот заминаа со комотни 17-9. До крајот немаше проблеми, лесно го приведе овој меч.

На другата страна Скопје и натаму е без победа сезонава има 11 порази во исто толку одиграни мечеви.

Хорват со осум и Озтурк со седум гола беа први стрелци, Петковски запиша шест погодоци. Кај Скопје по пет гола постигнаа Василевски и Чакалиќ.

ПретходноМихаилов во пресрет на дербито: Силекс сака позитивен резултат против Вардар
СледноЧави пред дебито: Фановите треба да ја поддржат Барса и кога не победува!