Михаилов во пресрет на дербито: Силекс сака позитивен резултат против Вардар

263

Некогаш кога играа Силекс и Вардар, или Вардар и Силекс тоа беше двобој за титула во ПМФЛ, во најмала рака битка за Европа. Сепак сега нивниот дуел е дерби во ВМФЛ – ЗАПАД, но овие два наши гиганти се премногу значајни во мак – фудбалот, па затоа и да играат во регион, тоа ќе биде супер – дерби.

Во таборот на кратовци атмосферата е мирна, релаксирана. Силекс во пресрет на утрешниот дуел има 8 бодови разлика, мечот се игра на ФФМ а почетокот е закажан за во 13 часот.

За тоа што може Силекс на овој меч, свој коментар за „Спортмедиа“ има Горазд Михаилов, стратегот на Силекс.

Силекс и Вардар се две големи имиња во мак – фудбалот. Во која лига да играат тоа е дерби. Силекс во секој случај го респектира Вардар, добро знаеме кој е Вардар. Бодовната разлика не ни дава никаква комоција, напротив. Ние посакуваме да дојдеме до позитивен резултат. Ќе ја играме својата игра, знаеме што сакаме. Наше е да го дадеме својот максимум, па ќе видиме што сме направиле на крајот“ посочи шефот на струката на кратовци.

ПретходноТухел: Нема изговор, мора да покажеме дали и колку сме јаки
СледноМеталург лесно и убедливо со дебитантот