Николов со Митровиќ и Ковачиќ фаќа залет за СП! (ФОТО)

1098

Југославија во мало, или заедно Македонија, Србија и Хрватска на рехабилитација во Белград. Поточно дел од најдобрите фудбалери и репрезентативци на своите земји заздравуваат од повредите во Белград. Од Македонија наш претставник е Бобан Николов, фудбалерот на Шериф Тираспол, кој има проблем со половината. Од Хрватска пак е тука Матео Ковачиќ, големата ѕвезда на Челзи. Од домаќините тука се Митро – гол или Митровиќ, па Максимовиќ, Фејса, Шкулетиќ.

Србија и Хрватска веќе се пласираа на Мундијалот во Катар, додека Македонија ја чека баражот. Како што дознаваме и Митровиќ и Ковачиќ му посакале многу среќа на нашиот Николов во баражот и му посочиле дека тие ќе навиваат за Македонија и дека силно посакуваат и Македонија, како дел од некогашна Југославија да се најде во Катар.

Да се знае каде во Европа се игра добар фудбал.

ПретходноШпанија го објави списокот за гостувањето во Скопје
СледноКлоп: Арсенал е добар тим, ама…..