Така е тоа кога се победува. Нашата најдобра фудбалска репрезентација за месец ноември се најде на 67.место на ФИФА ранкинг листата и тоа со 1367,23 поени. Тоа значи дека момците на селекторот Благоја Милевски скокнаа за цели седум места на оваа листа, со оглед на тоа дека за минатиот месец беа на 74.место на оваа престижна листа на ФИФА.
Овој скок доѓа по двете супер победи на Македонија во последните две кола во квалификациите за СП во Катар 2022 во групата – Ј. Славевме среде Ереван против Ерменија со 0:5, а Исланд дома го победивме со 3:1. Сосема доволно за голем скок на ранкинг листата и пласман, што е уште поважно, во баражот за Мундијалот во Катар 2022 година.
Инаку ФИФА официјално својата ранкинг листа ќе ја објави следниот четврток, на 25 ноември, ден пред да се знае со кого Македонија ќе се падне во баражот.