Францускиот интернационалец Набил Фекир е казнет од страна на УЕФА со три меча неиграње во европските купови поради своето однесување на мечот со Баер Леверкузен. Светскиот шампион со Франција од 2018 година доби директен црвен картон откако на мечот на 4 ноември го фати за гуша противничкиот играч Керем Демирбај. Пред тоа Французинот ја шутнал топката кон играчот на Баер по што овој му возвратил со пцост па потоа имало физички контакт.
Судијата го исклучи од натпреварот, но неговата казна не е само еден меч – туку три што значи дека ќе ги пропушти следните два дуели од групната фаза на ЛЕ против Ференцварош и Селтик, како и првиот меч од наредната фаза, ако шпанскиот тим избори пласман понатаму, доколку не тогаш ќе му се пренесе за идната сезона. Во моментов Бетис е втор во групата и има шанси да оди понатаму во ЛЕ евентуално да падне во Лигата на конферециите.