Чави Ернандез, клупската легенда на Барселона, утре од 21 часот против градскиот ривал, тимот на Еспањол, ќе го има своето деби на клупата на каталонскиот гигант.
Тој покрај останатото на денешната прес конференција го кажа и следното…
“Мојата цел секогаш е победа. Јасно е дека не сме во најдобра позиција, но Барса секогаш мора да се бори за трофеите. Сакам да им порачам на нашите фанови дека треба да ја поддржат Барса и кога таа не победува“ истакна Чави во пресрет на утрешниот меч со Еспањол.