Шева и Гранде на тренинг: Џенова се пофали со своите фудбалски великани!

873

Андриј Шевченко во недела против Рома ќе го има своето деби на клупата на Џенова, на најстариот италијански клуб, клубот каде што главна ѕвезда е Македонецот Горан Пандев. Клубот се пофали, преку своите социјални мрежи, со оваа фотографија од денешниот тренинг, на која се гледа како Шева му кажува нешто на Гранде. Инаку самото фото е насловено како – една фотографија и два пехари во Лигата на Шампионите. Познато е дека Украинецот со Милан беше европски првак, а Македонецот со Интер.

Инаку се очекува Шевченко против Рома во стартниот состав да заопочне со Горан Пандев.

ПретходноРуд преку Рубљев во полуфиналето на АТП турнирот во Торино!
СледноТухел: Нема изговор, мора да покажеме дали и колку сме јаки