Јашароски пред дуелот со “лавовите“: Секогаш имам мотив повеќе против мојот зет!

1420
????????????????????????????????????

По двонеделна пауза, викендов со мечот на Автокоманда меѓу Скопје и Македонија ЃП, продолжуваат возбудувањата во ПМФЛ. Утре со почеток од 13 часот се среќаваат лутите скопски ривали, на една страна се “пиратите“, а на друга “лавовите“. Во секој случај очекуваме супер интересен меч.

Инаку овој натпревар ќе го одбележи и еден семеен дуел. Имено голгетерот на Скопје, Ален Јашароски ќе се обиде да го победи тимот на својот зет. За тие што не знаат тренерот на “лавовите“ Муарем Бајрами му е зет на Јашароски.

Секогаш имам мотив повеќе кога играм протов мојот зет Муки Бајрами. Така беше и кога тој беше фудбалер, така е и сега кога е тренер на Македонија ЃП, и тоа успешен тренер. Тој знае дека му посакувам се најубаво во тренерската кариера, но утре сакам да го победам, по можност и да постигнам гол“ искоментира за “Спортмедиа“ голгетерот на “пиратите“ Ален Јашароски кој има играно во тимот од Ѓорче.

Ова ќе биде тежок натпревар за двете екипи. И Скопје и Македонија ЃП се во добра форма, ги посакуваат бодовите. Може да се очекува крајно неизвесен и возбулив меч. Ние играме дома, игреме пред својата публика и можам да ветам дека ќе го дадеме својот максимум. Се надевам на победа“ изјави Јашароски.

Сите останати мечеви од ова 14. коло се закажани за во недела.

ПретходноКлоп: Арсенал е добар тим, ама…..
СледноПо најавите за бришење на картоните: Македонија со Елмас и Костадинов во баражот!?