Кари го затрупа кошот на Кливленд, Јокиќ го смируваше тренерот (ВИДЕО)

274

Голден Стејт ја запиша 13. победа во НБА-лигата оваа сезона, го совлада Шарлот со убедливи 104-89 и остана на лидерското место во Западната конференција.

Во центарот на вниманието беше еден од најдобрите шутери на сите времиња. Стеф Кари овој пат одигра маестрално, зад своето име запиша 40 поени, шест асистенции и четири скока. На другата страна повратникот во редовите на Кливленд, Кевин Лав имаше 17 поени, Гарланд со 25 поени.

Никола Јокиќ одново беше на ниво на задачата. Но, неговите 30 поени, 10 скока и седум асистенции не беа доволни за победа на Денвер. Нагетси беа совладани од Филаделфија со 103-89. Ова беше шести пораз за Денвер, со девет победи се наоѓа на седмото место на табелата.

Покрај одличниот учинок, Јокиќ се најде во центарот на вниманието во третата четвртина во која неговиот тренер Мелоун. Тој збесна по една одлука на судиите, влета во теренот да се пресмета со делителите на правдата, но Јокиќ овој пат беше тој кој ја имаше мировната улога.

На останатите средби Мајами беше подобар од Вашингтон со 112-97, Мемфис од ЛА Клиперс (120-108), Минесота го совлада Сан Антонио со 115-90, Јута беше подобра од Торонто со 119-103.

ПретходноВашингтон во налет, девет минути и осум поени за Јакимовски
СледноФудбалер заработил милиони, и ги дал на сопругата а она потоа го оставила!