Екс-напаѓач на Јунајтед и на Виљареал ќе игра во Серија Б

270

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и на Виљареал Џузепе Роси се враќа во фудбалот. Ветеранот потпиша договор со италијанскиот второлигаш СПАЛ, а договорот му е до крајот на сезоната. Во последните неколку недели Роси тренираше со тимот, а денеска е потпишана соработка.

34-годишниот Роси е без клуб една година. Последниот клуб му беше Солт Лејк Сити, а договорот му истече во јануари. Последниот италијански клуб на Роси беше Џенова каде што играше во сезоната 2017/18.

ПретходноЃоковиќ со триумф над Нори, во полуфиналето против Зверев
СледноБарди стартер, Леванте освои само бод против Атлетик Билбао