Поради Ковид-19: Баерн со посебни мерки, на удар навивачите!

150

Се повеќе и повеќе се влошува ситуацијата во Германија со корона вирусот. Бројот на заразени секојдневно драматично расте, а аналогно на тоа расте и бројот на жртвите. Владата во таа земја планира враќање на строгите карантински мерки, а Баерн Минхен веќе реагираше и донесе неколку одлуки кои секако дека нема да им се допаднат на фановите.

Имено од 15 декември, трибините на “Алианц Арената“ ќе можат да примат само 25% од капацитетот, односно ќе се намали драстично бројот на гледачи кои ќе можат да ги следат мечевите на германскиот шампион. Ова значи дека ќе може да има најмногу по 18.750 гледачи.

Покрај билетот секој гледач мора да прикаже адекватен сертификат за вакцинација, потоа да носи маска или негативен тест на корона.

ПретходноЕ.Пелистер како фурија низ Прилеп
СледноНекогашниот прв човек на бразилскиот фудбал ужива со 50 години помлада старлета!