Тимот на Челзи со гостувањето кај Лестер утре од 13:30 часот го отвора новото Премиерлигашко коло. Лидерот на табелата Челзи, ќе мора да покаже и докаже периодов дека е способен да ја одигра улогата на лидер на табелата, и во новогодишниот период клучен за сезоната да опстои на чело на табелата.
„Не е лесно да се подготвиш за меч кој почнува толку рано. Ние не сме навикнати на овој термин. Нема тренер кој позитивно реагира на фактот што го собира тимот во петок навечер, а игра во сабота на пладне. Сепак, нема оправдување, нема барање алиби. Одиме да покажеме дали, и колку сме јаки на овој меч. Ја сакам оваа работа, го сакам фудбалот и се чувствувам привилегирано што сум на ова место. Во Германија односно Франција има божиќна пауза и овој период во сезоната за мене во Англија е исклучително привлечен“ – изјави Томас Тухел, тренерот на Челзи пред утрешниот дуел против Лестер.