Аталанта со пет „парчиња“ ја испрати Специја (видео)

104

Екипата на Аталанта продолжува со добрите настапи во Серија А, а денеска во рамките на  13. коло на првенството ја совлада Специја со 5:2. Тоа е седма победа на Аталанта сезонава која ги искачи на четвртото место на табелата.

По првото полувреме тимот од Бергамо имаше 3:1. Специја поведе со гол на Нзола, а потоа Аталанта направи пресврт (3:1) со два гола на Пашалиќ и еден на Дуван Запата од пенал.

Во вториот дел „сино-црните“ зголемија на 5:1 со головите на Муриел и Малиновски, а во судиското продолжение Нзола со својот втор гол на мечот го постави конечниот резултат.

Вечерва играат Лацио-Јувентус и Фиорентина-Милан.

Утре играат Сасуоло-Каљари, Болоња-Венеција, Салернитана-Сампдорија, Интер-Наполи, Џенова-Рома.

ПретходноТренерот на Вердер си даде оставка по скандалот со лажен вакцинален сертификат
СледноАдеми се врати на терен, Динамо „киксираше“ против Осијек