Нема дилеми дека тимот на Манчестер Јунајтед по денешниот пораз на гостувањето кај Ватфорд треба сериозно да се преиспита како ќе функционира во остатокот од сезоната. Не толку поради неуспехот од 4:1, кој самиот по себе е разочарување, туку самиот пристап, играта како колективна така и индивидуална, и целокупниот впечаток кој го остави една од најскапите екипи на планетава.
Домаќинот пред овој меч беше во зоната за испаѓање со десет освоени бодови. Откако во 11. минута Де Геа му одрбани пенал на Сар и го остави Јунајтед на 0:0 сите мислеа дека овој момент ќе биде пресвртница за гостите на овој меч но не. Не само што тоа не се случи, туку домашните во 28. односно 44. преку Кинг и Сар поведоа со 2:0.
По шокот, Јунајтед во второто полувреме одигра подобро, намали, имашени шасни за 2:2, но тоа не се случи. Напротив, храбриот Ватфорд денеска заслужи да обезбеди три бода против фаворитот, а на Манчестер Јунајтед не му преостанува ништо друго освен да се преиспита ама буквално за се. Од смената на Солскјер која веќе е неминовна, преку играчјата реконструкција, па до очигледното немање компас како се води трансфер политиката. Конечните 4:1 со два гола примени во судиското продолжение е само последица на се она што ЈУнајтед го игра односно не го игра во моментов, и е реалната слика на еден мулти милионски состав како колабира и „пука по сите шавови.
Во останатите мечеви, Астон Вила пбезбеди три бода против Брајтон, БАрнсли и Кристла Палас одиграа одлично реми 3:3, исто како и Њукасл – Брендфорд, додека Норич на домашен терен со 2:1 подобар од Саутемптон. Вучверхемптон подобар од Вест Хем со минимални 1:0.
Резултати:
Астон вила – Брајтон 2-0
Барнли – Кристал Палас 3-3
Њукасл – Брентфорд 3-3
Норич – Саутемптон 2-1
Вулверхемптон – Вест хем 1-0
De Gea 1st penalty save pic.twitter.com/kxnqkssMTa
— 🇨🇩🇸🇱 (@F1avs) November 20, 2021