Депај му ја донесе првата победа на Чави на клупата на Барса (ВИДЕО)

292

Чави ја запиша првата победа во Барселона како тренер. Во каталонското градско дерби вечерва, Барса славеше минимално со 1:0 над одличниот Еспањол и му ја донесе првата победа на Чави на клупата на својот долгогодишен клуб.

По промената на тренерското место, Чави изненади со составот со кој го отвори мечот во кој место имаше за двајца фудбалери кои имаат по само 17 години. Покрај Гави, во првиот избор се најде и Ахомач Чакур, кој беше партнер во нападот на Депај и Гави.

Победничкиот гол за Барселона го постигна Депај од пенал во 48. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноАтлетико Паранензе по вторпат ја освои Копа Судамерикана (ВИДЕО)
СледноЈунајтед го продава Далот во Рома, а ќе го земе Трипие од Атлетико