Фудбалерите на Милан го претрпеа првиот овосезонски пораз во Серија А, откако вечерва беа совладани со 4:3 на гостувањето во Фиренца кај одличната Фиорентина. На крилата на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ, „виолетовите“ успеја да се изборат за големи три бода во дуелот со досега непоразените „росонери“, кои вечерва не можеа да сметаат на добар резултат ниту со двата гола на Ибра.
Фиорентина поведе со убедливи 3:0 со головите на Данкан (15’), Сапонара (45’) и Влаховиќ (60’), по што се чинеше дека победникот е решен. Сепак, на сцна стапува Ибрахимовиќ кој за 5 минути постигна два гола и до 67. минута го донесе Милан на минус еден, 3:2.
Сепак, Душан Влаховиќ со својот втор гол во 85. минута ги реши сите дилеми. Во 96. минута по шутот на Ибра, Венути го погоди својот гол и ги постави конечните 4:3.