Некој чуден Челзи – Дефанзивците постигнале 13 од 30-те голови во ПЛ

136

FOTO> Twitter/Premier league

Екипата на Челзи лесно и убедливо го совлада Лестер на „Кинг Пауер“ стадионот со 3:0 во 12. коло од Премиер лигата. Првите два гола беа дело на дефанзивците Антонио Ридигер и Нголо Канте. Интересно, дефанзивците на Челзи заедно со овие два постигнале 13 од вкупно 30-те голови во Премиер лигата во досегашниот дел од сезоната што е за 9 гола повеќе од следниот најблизок на оваа листа.

Третиот гол за заокружување на убедливиот триумф го постигна Кристијан Пулишиќ на асистенција на Зијеш во 71. минута.

Најдобар стрелец кај Челзи во Премиер лигата моментално е дефанзивецот Рис Џејмс, тој реализирал четири погодоци. Дефанзивецот Бен Чилвел и играчот за врска Мејсон Маунт имаат по три…

На табелата Челзи е лидер со 29 бода шест повеќе од вториот Манчестер Сити кој има и меч помалку. Лестер е на 12-тото место со 15 бодови и пет порази.

 

 

ПретходноЗАПАД: Кратовски шок за Вардар во 92.минута! (ВИДЕО)
СледноИСТОК: Осогово убедливо против Слога (В), сега Победа е лидер…