ПМФЛ: Мајсторски голови на Емини, “лавовите“ ја освоија Автокоманда! (ВИДЕО)

380

Попладнево на Автокоманда на отворањето на 14.коло во ПМФЛ, Македонија ЃП успеа како гостин со 1:2 да слави над домашниот Скопје. Голема, значајна победа на “лавовите“ со што ја продолжуваат победничката серија под водство на тренерот Муарем Бајрами.

Сепак треба да се каже дека “пиратите“ први поведоа, и тоа со голот на Јашароски откако голманот на гостите, Тасев, го честеше домашниот состав со нестварен кикс. Ова се случуваше во 58.минута, и ова значеше “отворање“ на натпреварот. Македонија ЃП тргна на се или ништо и доби се што се вика, и тоа благодарени на двата мајсторски голови на Сефер Емини. Прво во 67.минута од слободен удар, а потоа и во 77.минута.

Два прекрасни шута за два гола и за три бода за “лавовите“ од Ѓорче.

Утре се играат сите пет преостанати натпревари од 14.коло во ПМФЛ, а се среќаваат Струга ТЛ – Работнички, А. Пандев – Тиквеш, Борец – Ренова, Шкендија – Брегалница и Шкупи – Пелистер.

ПретходноКаков кикс на голманот Тасев – Скопје води против „лавовите“ (видео)
СледноЗАПАД: Кратовски шок за Вардар во 92.минута! (ВИДЕО)