Денеска од 13 часот се игра само еден меч од 14.коло во ПМФЛ и тоа на Автокоманда, каде Скопје го дочекува составот на Македонија ЃП. Состав кој во последно време под тренерската палка на Муарем Бајрами реди само победи, па така секако дека “лавовите“ ќе сакаат да ја “освојат“ и Автокоманда. Имаат добар тим, се во победничка серија и нема да биде изненадување ако во Ѓорче ќе отпатуваат трите бода.
Сепак, Скопје си е Скопје, посебно на свој терен. “Пиратите“ оваа есен покажаа и докажаа дека се тим за респект, кој ќе ги потцени и тоа како ќе се “изгори“. Иако ослабени, нема да играат Кировски и Јаневски, сепак четата на стратегот Љупчо Марковски – Калц има потенцијал во себе.
Познато е…“Пиратите“ тешко некој може да ги победи на нивниот стадион.