Четири гола на Ристовска во поразот на ЦСКА

70

ЦСКА Москва за кого настапува Сара Ристовска го запиша третиот пораз во Лигата на шампион. Руската екипа беше совладана на гостувањето кај Љубљана со 24-21 во рамките на осмото коло кое е последно за оваа година, следува пауза поради стартот на подготовките за Светското првенство.

Македонска репрезентативка беше втор стрелец во редовите на ЦСКА, постигна четири гола од пет обиди, најдобра во нејзиниот тим беше Грос со седум голови. Следниот меч во ЛШ, Ристовска го играат на почетокот на јануари.

ПретходноДортмунд го втурна Штутгарт уште повеќе кон дното
СледноВатфорд го фрли Јунајтед во очај (ВИДЕО)