Адеми се врати на терен, Динамо „киксираше“ против Осијек

201

Ниту кам бекот на Аријан Адеми на теренот по повеќе од еден месец пауза не му донесе на тимот на Динамо полн плен во големото дерби на Хрватскиот шампионат против лидерот на табелата Осијек. Иако „Модрите“ играа на домашен терен сепак, ремито од 1:1, е конечен епилог на дуелот кој во многу ќе решава за конечната табелат во годинешното првенство на Хрватска.

Нашиот интернационалец го започна мечот од клупата, но Осијек постигна гол, па во вториот дел, Адеми беше внесен во игра како засилување за последните половина час. Сепак, Адеми придонесе единствено за реми, и освојување на еден бод, додека пак, Стефан Ристовски остана цел меч на клупата.

Со овој освоен бод тимот на Осијек е лидер со 31. бод, а Динамо засега трет со 28.

 

ПретходноАталанта со пет „парчиња“ ја испрати Специја (видео)
СледноРудигер го „глуми“ Тајсон, го гризна соиграчот (ВИДЕО)