Екипата на Аталанта продолжува со добрите настапи во Серија А, а денеска во рамките на 13. коло на првенството ја совлада Специја со 5:2. Тоа е седма победа на Аталанта сезонава која ги искачи на четвртото место на табелата.
По првото полувреме тимот од Бергамо имаше 3:1. Специја поведе со гол на Нзола, а потоа Аталанта направи пресврт (3:1) со два гола на Пашалиќ и еден на Дуван Запата од пенал.
Во вториот дел „сино-црните“ зголемија на 5:1 со головите на Муриел и Малиновски, а во судиското продолжение Нзола со својот втор гол на мечот го постави конечниот резултат.
Вечерва играат Лацио-Јувентус и Фиорентина-Милан.
Утре играат Сасуоло-Каљари, Болоња-Венеција, Салернитана-Сампдорија, Интер-Наполи, Џенова-Рома.