Бутел го доби дербито со Пролет

103

Дербито на 11. коло во Супер-лигата меѓу Пролет и Бутел Скопје му припадна на гостинскиот тим, кој славеше со 20-24 и направи голем чекор кон третата позиција на табелата, за која ќе се бори со Е.Пелистер 2.

Двата тима прикажаа одлична игра, домашните ракометари беа подобри во голем дел од првото полувреме кое го отворија со 3-1, ова беше најголемата позитива која ја одржуваа. Пред одморот, гостите успеаја да се вратат и да израмнат на 10-10.

По новите плус два (14-12) за Пролет на стартот на вториот дел, гостите со серија од 4-0 поведоа со 14-16 и до крај го диктираа темпото за голема радост.

Мајиќ со девет гола го предводеше Бутел Скопје до осмата победа оваа сезона, Тот имаше пет погодоци. Кај Пролет, Пецаковски исто запиша девет гола.

Е.Пелистер дојде до бод и успеа да остане во игра за третото место на табелата, на домашен терен одигра без победник против Охрид (28-28).

ПретходноСерафимов во форма, Алкалоид со цел плен
СледноСо два гола од пенал Јувентус триумфално замина од „Олимпико“ (ВИДЕО)