Вардарки со реми се збогуваа со Европа

83

Женската екипа на Вардар со реми се збогуваше со настапите во Европа. Македонскиот претставник на реванш мечот на гостувањето во Холандија против Јуро Унирек одигра 26-26.

Првата средба во Скопје ЖРК Вардар ја загуби со 25-35, токму таа пресуди. Црвено-црните по водството од 0-2, застанаа, противникот поведе со 7-2, на полувремето беше 12-11.

Во изедначена игра со промена на водството, на крајот ремито беше и реален резултат. Стеверник имаше шест гола, исто колку што и Диневска за Вардар.

ПретходноРакитиќ ја спаси Севиља од пораз
СледноПСЖ не застанува, Мбапе и Меси го скротија Нант