Денеска од 13 часот на програмата се сите пет мечеви од ВМФЛ – ЗАПАД. Се разбира дека дербито е меѓу Вардар и Силекс, вечните ривали во самостојна Македонија. Клубови кои некогаш “дрмаа“ во мак – фудбалот, а сега играат во Втора лига. Заедно имаат дури 14 титули па затоа ова е супер – дерби.
Вардар мора да победи ако сака да го задржи чекорот со Воска Спорт, а и да му се приближи на Силекс кој е прв на табелата. На кратовци и реми веројатно ќе им одговара, најважно за нив е да не се загуби. Тренерите Глигоров и Михаилов веруваат во своите момци. Се разбира дека на ФФМ ќе биде тоа спектакл во изведба на “Комитите“.
Воска Спорт пак гостува во Дебар. Интересен меч за двете екипи, секогаш тешко е да се игра кај Кораби на гости.
На останатите мечеви Гостивар ја дочекува Велешта, Тетекс игра со Беса а Охрид како домаќин го пречекува Кадино.
ДВОЈКИ ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
ВАРДАР – СИЛЕКС
КОРАБИ – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ВЕЛЕШТА
ТЕТЕКС – БЕСА
ОХРИД – КАДИНО
ТАБЕЛА
1.СИЛЕКС 28
2.ВОСКА СПОРТ 21
3.ВАРДАР 20
4.КОРАБИ 14
5.ГОСТИВАР 12
6.ВЕЛЕШТА 12
7.ТЕТЕКС 11
8.БЕСА 8
9.ОХРИД 7
10.КАДИНО 6