Во тек е дербито од ова коло во Премиер лигата помеѓу екипите на Ливерпул и Арсенал на Енфилд. Се игра првото полувреме, „пршти“ од стартови и дуели, а при еден таков за малку ќе се случеше потежок инцидент. И тоа помеѓу двата тренери, инаку доста импулсивни, Јирген Клоп односно Микаел Артета.
Артета барајќи санкција за Мане, за стартот на средината на теренот, изврши притисок врз арбитрите, тоа не му се допадна на Клоп и обајцата за малку не влегоа во „клинч“.
Ливерпул од 40. минута преку Мане води со 1:0