Голема чистка во Реал Мадрид, Перез продава седум играчи

683

Шпански АС открива дека Реал Мадрид планира голема реконструкција. Карло Анчелоти планира да продаде седум играчи и парите да го вложи во нови засилувања.

Реал сака на лето да ги доведе Килијан Мбапе од ПСЖ, Пол Погба од Манчестер Јунајтед и Антонио Рудигер од Челзи, а за тоа според шпанските медиуми би можеле да му бидат потребни околу 300 милиони евра.

Токму затоа Флорентино перез ќе мора да направи простор во буџетот, на списокот на играчи од кои „кралскиот“ тим сака да се ослободи се: Бејл, Марсло, Иско, Јовиќ, Дијаз, Себаљос и Ваљехо.

Само доколку се ослободат од платите Реал ќе заврши одлична работа. Бејл заработува 28 милиони евра годишно, Марсело 16,5 милиони, а Иско милион помалку од Бразилецот. Лука Јовиќ е со 10 милиони евра годишно, Маријано со девет, Себаљос со седум, а Ваљехо со шест милиони евра.

На сето ова треба да се додаде дека Еден Азар кој ќе мора да бара нов клуб. Заработува и околу 30 милиони евра годишно, па кога ќе се соберат платите кои би биле отпишани и обештетувањето што би стигнало за тие играчи, Реал може да достигне сума од 300 милиони евра.

ПретходноЛејкерси и со Леброн очајни, Голден Стејт силен и без Кари (ВИДЕО)
СледноГо постигна најбизарниот автогол, веднаш го обвинија за местење (ВИДЕО)