Ердал Ракип: Ова е Швеѓанецот кој може да ја спречи Шведска да оди на СП!

2744

Во петок Македонија го добива противникот во 1/2 финалето од баражот за пласман на СП во Катар 2022. Секако дека ќе го знае и наредниот ривал, во случај да ја мине првата пречка.

Една од оние селекции кои би можеле да ни се паднат, секако дека е Шведска, тој меч би се играл на нивни терен.

И кога е така тогаш јасно е дена во центарот на вниманието на тамошните медиуми е Ердал Ракип, фудбалерот на Малме, инаку наш репрезентативец од неодамна.

Тој таму е нарекуван- Ова е Швеѓанецот кој може да ја спречи Шведска да оди во Катар!

Македонскиот репрезентативец покрај другото за тамошните медиуми изјави…

Како прво сум разочаран што не можев да бидам дел од составот кој славеше со Ерменија и Исланд, но радосен сум зошто моите репрезентативни колеги победија и изборија бараж. Бев повреден и затоа не можед да одговорам на повикот на селекторот“ посочи играчот за врска.

И тој многу добро знае дека на Македонија може да и се падне Шведска…

Има многу добри репрезентации, за мене забавно ќе биде да ни се падне Шведска. Шансите во тој случај би биле 50-50. Добро е да ги одбегнеме Португалија и Италија. Да кажам и тоа дека не смее никој да ја потцени Македонија. Ние играме добар фудбал, имаме многу добри играчи, затоа си ја гледаме нашата шанса за пласман во Катар“ заврши Ракип.

ПретходноСоседско дерби на Истокот: Слога (В) по трите бода во Кочани…
СледноШпанија без екс-вардарецот на ЕП 2022