Еуро Никел „сврза“ две победи по ред по лошата серија. Кавадарчани на домашен терен го совладаа Куманово со убедливи 87-69 и ја продлабочи кризата во редовите на противникот. По осмото коло, кумановскиот состав има седум порази во низа, па сега се наоѓа на десетото место на табелата во Првата лига.
Кошаркарите на Еуро Никел мечот го решија по првото полувреме, во кое имаа водство од 50-33. Куманово немаше сили да се врати, единствено што одигра беше во последната четвртина, која ја доби со 9-19.
Џекиќ со 21 поен и 9 скока беше лидер кај победникот, Соколов постигна 15 поени. Кај Куманово, Зивчевиќ имаше 22 поени.
АКАДЕМИЈА ФМП ГО ДОБИ ДЕРБИТО НА КИСЕЛА ВОДА
И Академија ФМП имаше послесна задача во осмото коло. Избраниците на Александар Петровиќ славеа против дебитантот Ангели со 89-70 за петти триумф оваа сезона. Домашниот тим добро влезе во мечот, поведе со 29-9, Ангели одиграа добро во втората четвртина, но тоа не беше доволно за да се добие овој дуел.
Академија ФМП лесно го приведе мечот во своја корист. Крстајиќ постигна 21 поен, Стојановски имаше 19. Мандерсон со 22 поени и 14 скока беше најдобар кај Ангели.