Спектакл на ФФМ во изведба на вардаровите фанови, “Комитите“. Имаше од се по нешто, но сепак пиротехничкото шоу беше во преден план. Убава, прекрасна атмосфера на супер – дербито меѓу Вардар и Силекс. Дерби кое заврши на радост на кратовци, кои и на овој меч покажаа зошто есенва газат во ВМФЛ – ИСТОК и со гол во 92.минута го однесоа целиот плен во Кратово.
Вардар сакаше, имаше желба да се надигрува, сепак на крајот бодовите заминаа на контото на составот на стратегот Горазд Михаилов.