ЛА Лејкерси никако да тргнат сезона според очекувањата, го запишаа третиот пораз во низа, вкупно деветти. Иако во својот состав го имаа и Леброн Џејмс, сепак тоа не беше доволно за триумф, беа совладани од Бостон и тоа со убедливи 130-108.
Лејкерси беа рамноправен противник само во првата четвртина, по која селтикси умешно го наметнаа своето темпо, до крајот без проблем доминираа. Дејвис имаше 31 поен, Леброн 23 поени, кај победникот Татум имаше дабл-дабл од 37 поени и 11 скока.
Тимот од ЛА е на деветото место во Западната конференција со осум победи и девет порази, додена Бостон е на истата позиција, но на Истокот.
И кога го нема Стеф Кари, Голден Стејт победува. Вориорс редат победи, во 16. меч го запишаа 14. триумф и тоа без најдобриот, кој поради повреда на настапи на оваа средба.
И Детроит и Голден Стејт не настапија во комлетен состав, на крајот победата ја однесе домашниот состав, славеше со 102-105. Вориорс водеа во текот на целиот меч, но слабата последна четвртина беше причина за да противникот се врати и да ја стопи негативата, но не и да приреди пресврт.
Пул со 32 поени и Вигинс со 27 поени беа најефикасни кај Голден Стејт, на другата страна Џексон имаше 27 поени.
Голден Стејт е лидер во Западната конференција.
Резултати: Шарлот – Индијана 121:118, Детроит – Голден Стејт 102:105, Бостон – ЛА Лејкерс 130:108, Бруклин – Орландо 115:113, Милвоки – Оклахома 96:89, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 94:81, Денвер – Чикаго 108:114, Феникс – Далас 112:104, Сакраменто – Торонто 89:108.