Може ли Работнички да ја освои Битола?

129

Осмото коло во Првата лига ќе биде комплетирано со три нови средби. Пелистер и Работнички е саботното дерби. Битолчани го пречекуваат најтрофејниот македонски кошаркарски колектив (20 часот) на домашен терен во неверојатна серија, нешто слично како и минатата сезона.

Избраниците на Марјан Илиевски имаа седум победи во исто толку одиграни натпревари, немаат намера да застанат. На другата страна Работнички кој има два порази, посакува да испрати порака од Битола дека оваа сезона има што да понуди, има сили и квалитет за дерби натпревари.

Претходно, Еуро Никел ќе го пречека (18 часот) Куманово. Гостите направија промена во стручниот штаб по серијата од шест порази. Се врати Владимир Мирковски, кој ќе има помош од Сашо Тодоровски. И покрај проблемите со финансиите, од овој тим најавија подобри времиња, нема да се откажат ниту од БИБЛ-лигата.

Уште еден интересен натпревар ќе се одигра во Кисела Вода, Академија ФМП е домаќин на Ангели, мечот е закажан во 19 часот.

ПретходноСкопска пресметка: Ѓорче ја “напаѓа“ Автокоманда….
СледноАјде момче Македонче: Павлов денеска се бори за ЗЛАТО!