Пелистер не престанува: Битолчани му земаа „мерка“ и на Работнички

160

Ниту Работнички не успеа да го запре Пелистер на домашната кошаркарска сцена. Битолчани ја продолжија победничката низа на 8 од 8 откако вечерва во возбудлив меч на домашен терен беа подобри од Работнички со 88:84.

Кошаркарите на Работнички добро го почнаа мечот, поведоа, но во завршницата на првиот период домашните успеаја да се изборат за +2 на пауза (27:25). Следуваше одлична втора четвртина за „зеленк-белите“ кои успеаја на полувреме да заминат со предност од 52:40.

Оваа разлика навестуваше успех за Пелистер, кој во третиот период малку попушти, а Работнички успеа да го намали водството. Во завршницата на мечот домашните влегоа со 5-6 поени предност, Работнички во последните 30-тина секунди се приближи на минус 3 (87:84), но тоа беше се што гостите успеаја да направат на ова гостување.

Кај Пелистер со 19 поени Кесар беше предводник до новата победа, додека кај гостите Пол беше извонреден со 28 поени.

ПретходноШампионот доминираше во градското дерби, Штип УДГ се искачи на второто место
СледноТиквеш без проблеми го совлада Радовиш