Тимот на ПСЖ без проблеми на домашен терен предмалку успеа да слави над тимот на Нант со конечни 3:1 и тоа со головите на Килијан Мбапе, Лионел Меси и автоголот на Апиа.
Обезбеден е 12. триумф во 14. меч од оваа кампања и Парижаните суверено се првото место од табелата во шампионатот на Франција.
Работите добро тргнаа на овој меч за домаќинот, затоа што Мбапе погоди уште во 2. минута, но во второто полувреме имаше малку драма. Кејлор Навас, голманот на домашните доби директен црвен картон, па автоматски потоа во 76. минута Коло Муани израмни на 1:1.
Во 82. минута Апиа си постигна автогол, а Лионел Меси во 87.минута ја запечати победата на домашниот тим.