Ракитиќ ја спаси Севиља од пораз

92

Со голот на Иван Ракитиќ длабоко во судиското продолжение, тимот на Севиља успеа на домашен терен да се спаси од пораз и да одигра 2:2, против тимот на Алавез.

Гостите поведоа преку Лагвардиа уште на стартот во 5. минута, Окампос израмни на 1:1, но во судиското продолжение од првиот дел Жоселу повторно го носи Алавез во водство.

Домашните чекаа се до последните моменти од мечот за да обезбедат барем бод, иако беа фаворити, а Ракитиќ со одмерен удар во шееснаесетникот успеа да го спаси домаќинот од тежок пораз.

Со ова Севиља и натаму остана на самиот врв на табелата, со 28. бода, иако сите очекуваа да има два повеќе по ова коло. Од друга страна Алавес практично загуби два драгоцени бодови, кои ќе значеа многу во годинешната борба за опстанок.

 

ПретходноВатфорд го фрли Јунајтед во очај (ВИДЕО)
СледноВардарки со реми се збогуваа со Европа