Солскјер се извинуваше на навивачите, ќе му простат ли и овојпат? (ВИДЕО)

263

Тимот на Манчестер Јунајтед попладнево доживеа тежок дебакл на гостувањето кај Ватфорд, кога загуби со 4:1, во претстава која е за секоја можна критика. Катастрофата на Јунајтед траеше во текот на сите деведесет минути, а кулминираше со два примени гола во судиското продолжение.

По мечот, верните навивачи на клубот беа поздравени од посрамотените фудбалери, кои се виде дека со поглед бараат прошка за оваа брука денеска, а менаџерот Оле Гунар Солскјер направи и гестикулација со рацете во знак на извинување. Дали ќе биде прифатено, и дали навивачите ќе му го простат и овој тежок кикс, еден од многуте сезонава останува да видиме.

Претходно„Врие“ на дербито на Енфилд, ќе се степаа Клоп и Артета (ВИДЕО)
СледноСерафимов во форма, Алкалоид со цел плен