Тиквеш го доби вечерашниот дуел со Радовиш во рамките на 11. коло од домашното првенство со убедливи 33:20. Кавадарчани без посебни проблеми успеаја да ја запишат новата победа, додека гостите остануваа со празни раце и по десеттипат.
Во победата на домашните, Трпчевски постигна 6 гола, додека кај гостите одличен меч запиша Стојановски со 7 погодоци.