Пред неколку дена Билд објави скандал во кој е вклучен тренерот на второлигашот Вердер Маркус Анфанг. Имено, Анфанг поседувал фалсификуван сертификат за вакцинација против Ковид-19. Тој ги отфрли обвинувањата тврдејќи дека е вакциниран со две дози и за тоа има доказ и дигитален и писмен каков што издаваат во надлежната институција.А
А денеска Анфанг заедно со својот асистент Флоријан Јунге поднесоа оставки од тренерската позиција во Вердер.
Тој се уште е под истрага, а можно е, доколку се утврди дека неговиот сертификат е лажен може да добие и затворска казна.
🚨 | Werder Bremen head coach Markus Anfang & assistant Florian Junge have both resigned from their positions with immediate effect. https://t.co/908B8Hcs9A
— Get German Football News (@GGFN_) November 20, 2021