Ерлинг Халанд, заедно со Килијан Мбапе е најбараниот фудбалер во светот во моментов. Норвежанецот е трансферна цел на речиси сите големи клубови во Европа, на сите кои нешта значат.
Сепак Халанд, барем според “Билд“ има само еден сон, сонува да игра само за еден клуб. А тоа е Реал Мадрид. Имено Норвежанецот пред неколку денови му се поверил на еден свој близок пријател дека сака да игра само во Реал Мадрид.
Исто така тој открил дека во декември, значи следниот месец ќе стартуваат преговорите меѓу него, Реал Мадри и Дортмунд. Неговата цена била 30 милиони евра годишна плата, се разбира нето.
Познато е дека Реал Мадрид го посакува и Килијан Мбапе, па во случај да ги има двајцата во нападот, Мбапе и Халанд, тогаш секако дека ќе има големи шанси да се врати на врвот на Европа.