Шампионот Струмица лесно и убедливо славеше во градското дерби против Македонија Џио во мечот од 8. коло на домашното одбојкарско првенство. Домашните немаа проблеми да дојдат до сигурна победа, доминантно освојувајќи гис ите три сета.
Вредна победа обезбедија и одбојкарите на Штип УДГ, кои триумфираа со 3:0 над Дибра Волеј и веќе се сместија на 2. место на табелата со бод предност пред ГОК Борец, кој в понеделник му гостува на Вардар.
Убедливи победи од 3:0 денеска обезбедија и тетовските проволигаши.
Прва лига (мажи), 8.коло
Струмица 47&72 – Македонија Џио 3:0 (25:9, 25:13, 25:14)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 3:0 (25:21, 25:22, 25:21)
Штип УГД – Дибра волеј 3:0 (25:19, 25:22, 25:21)
Шкендија – Јанта волеј 3:0 (25:15, 25:20, 25:15)
Вардар – ГОК Борец (понеделник, 18.00, пренос МРТ-3)
*** Слободна е екипата на Лирија
ТАБЕЛА: 1. Струмица 21, 2. Штип УДГ 15, 3. Борец 14, 4. Шкендија 14, 5. Универзитет во Тетово 14, 6. Лирија 12, 7. Весна Пробиштип 8, 8. Јанта Волеј 7, 9. Вардар 6, 10. Дибра Волеј 2, 11. Македонија Џио 1.