FOTO> Twitter/European Qualifiers
Киеран Трипие може да се врати во Премиер лигата и тоа во дресот на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ сакаат да направат промени во таборот, а освен тренерската позиција, во фокусот се и некои трансфери. Па така португалскиот дефанзивец Диого Далот би требало да ја напушти екипата и да и се приклучи на Рома. Доколку тоа се оствари во јануари, Јунајтед ќе тргне по искустниот 31-годишен Трипие кој ги брани боите на Атлетико Мадрид.
Трипие е англиски репрезентативец и игра како десен бек, а може да користи и како централен. Тој му се приклучи на Атлетико во 2019 година, а претходно играше за Тотенхем, Барнли и Барнсли инаку е дете на Манчестер Сити и за сенирите на оваа екипа нема одиграно ниту еден меч.
Трипие е финалист во ЛШ со Тотенхем, а со Атлетико стана шампион на Ла Лига минатата сезона.