Денеска Емил Павлов, нашиот каратист ќе ја има најважната борба во досегашниот дел од својата кариера. Имено денеска, некаде околу 15 часот по македонско време, ќе започне големото финале меѓу Павлов и Стивен Дакоста од Франција, на СП во карате во категоријата до 67 килограми, кое се одржува во Дубаи (ОАЕ).
Дакоста е е актуелен олимписки, европски и светски првак.
Сепак Павлов досега на првенството покажа дека е во супер форма, дека може да победи секого без разлика како тој се вика.
Македонија со нетрпение ќе ги чека вестите од Дубаи, потајно се надеваме дека Павлов ќе победи и ќе ни донесе ЗЛАТО, што ќе биде историки резултат за нашето карате, и еден од најголемите спортски успеси во нашата историја.
Ајде момче МАКЕДОНЧЕ…