Во фудбалот често пати гледаме комични и неверојатни ситуации. Кога сме кај погодоците, најчудниот погодок оваа година доаѓа од Италија, поточно од Серија Д.
Станува збор за автогол на дуелот меѓу Гивиборг и Корегезе.
Гостинската екипа тргна во напад, но домашниот дефанзивец брзо реагираше, ја врати топката кај голманот, по што следеше сцена за памтење. Не ја прими добро топката, наместо да ја испрати далеку од својата мрежа истата отиде кај неговиот соиграч, кој наместо да ја смести во аут, тој ја смести во сопствениот гол.
По овој меч, веднаш тргнаа обвиненија дека станува збор за наместен натпревар.