ЗАПАД: Кратовски шок за Вардар во 92.минута! (ВИДЕО)

1356

Какво супер дерби на ФФМ во 11.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Многу гледачи, добра игра, голема борба и на крај победа на Силекс со 1:2 среде Скопје. Вардар колку и да се трудеше, сепак не успеа да дојде макар до бод.

Дека Силекс во моментов е подобар тим, се покажа уште во 20.минута кога Љамалари реализираше за водство на кратовци од 0:1. Поминаа само седум минути откако Вардар преку Петров израмни на 1:1.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без победник, гостите од Кратово изведоа супер акција која ја заврши Спиркоски во 92.минута за победа, со која сега Силекс му бега на Вардар дури 11 бодови.

Воска Спорт на гостувањето кај Дебар одигра 1:1. Имаше водство тимот од Охрид со голот на Емини, но сепак на крајот домашните дојдоа до бод откако Леши од пенал стрелаше во мрежата на Воска Спорт.

Гостивар и Велешта одиграа 1:1. Домашните водеа се до 90.минута кога Нијази Лена стрелаше за конечни 1:1 и за радост на гостите. Тетекс со 2:1 ја победи Беса, а Охрид беше убедлив против Кадино со 3:1

РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО

ВАРДАР – СИЛЕКС 1:2

КОРАБИ – ВОСКА СПОРТ 1:1

ГОСТИВАР – ВЕЛЕШТА 1:1

ТЕТЕКС – БЕСА 2:1

ОХРИД – КАДИНО 3:1

ТАБЕЛА

  1. Силекс 31, Воска Спорт 22, Вардар 20, Кораби 15, Тетекс 14, Гостивар 13, Велешта 13, Охрид 10, Беса 9, Кадино 6.
ПретходноПМФЛ: Мајсторски голови на Емини, “лавовите“ ја освоија Автокоманда! (ВИДЕО)
СледноНекој чуден Челзи – Дефанзивците постигнале 13 од 30-те голови во ПЛ